Света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

На 05.01.2018 година, на празникот посветен на Св. Наум Охридски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеа Царски часови и  Света Златоустова литургија во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. По литургијата  Митрополитите  ги благословија  кумските лебови. Покрај многубројниот верен  народ на литургијата присуствуваше и Претседателот на Република Македонија г. Ѓорге Иванов со семејството, заменик претседателот на Владата на Р.М. и Министер за Внатрешни работи г. Оливер Спасовски,  и пратеници од Собранието на Р. Македонија, како и ново избраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицковски . На литургијата пееше и градскиот женски хор „Менада“ од Тетово под водство на маестро проф.д-р  Ивица Зориќ. Црковниот одбор при манастирот „Св. Наум Охридски“ за верниот народ организираше трпеза на љубовта.

На литургијата проповедаше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Проповедта на Митрополитот може да ја прочитате тука: